Проектирањето на соба за едно или повеќе деца не е нималку лесна задача, особено во простор со скромни димензии. За таа цел, ви претставуваме неколку одлични дизајнерски примери за уредување на мала детска соба. Станува збор за детски катчиња со едноставен, но мошне убав и уникатен дизајн, каде иновативните парчиња мебел и вертикалното искористување на просторот се покажуваат како добитна формула. Секоја соба има различна тема и индивидуалност, благодарение пред се’ на изборот на бои и детали, обединувајќи ги естетиката и функционалноста на најдобар можен начин. Инспирирајте се од нашите предлози во продолжение и пронајдете ја омилената идеја за вашите најмили.