“Wood House” е проект кој го дизајнираше јапонското студиo Muji во Okazaki како би промовирале дека вентилацијата, температурата и расветата – се клучни фактори за удобност во домот.
Монтажната куќа е концепирана како совршен изложбен простор, кој им овозможува на потенцијалните купувачи да го замислат својот секојдневен живот, токму во неа. Резиденцијата во облик на кутија, артикулира околу атриумот кој се растега од подот до врвот. Оваа куќа може да биде совршена за пар или за големо семејство. Не постојат ограничувања како да се користи тлоцртот на просторот – на вас е да си создадете простор, кој ви дозволува да си живеете слободно!