Веќе некое време научниците се трудат да најдат начин да ја заменат животинската кожа со нешто поекономично, добиено на поморален начин. Сите знаеме како се прават кожните јакни, ташни и чевли и зарем не би се чувствувале подобро кога би можеле да носиме нешто органско? Многу компании како Modern Meadow се обидеа на различни креативни начини да најдат солуција, но без многу успех.
Но тајната за подобра планета била кај уметноста! Уметникот Фил Рос (Phil Ross), сега основач на Mycoworks, произвел кожа растејќи мицелии (mycelia- вегатативниот дел од габите) под различни услови и со менување на температурата или влажноста кожата добивала различни шари. Тоа би можело да ги имитира веќе познатите животински принтови а во исто време да е биоразградливо, да и дозволува на кожата да дише и да уживате со сознанието дека е органско.
Рос вели дека ваква идеја била толку многу потребна на пазарот што неговиот уметнички проект станал бизнис проект кој се претвора во цела индустрија. Уметникот со 30 годишен стаж кој има креирано и скулптури и мебел од мицелиум, уште додава дека процесот на создавање на оваа кожа е многу побрз и полесен отколку добивањето кожа од животни.
Потребна е само креативна мисла и љубов кон мајката природа за да се заштитиме и себеси, но и целата планета!