Сите знаеме дека млекото е хранлив напиток кој секојдневно го консумираме. Но од некоја си причина, никогаш не гледаме убави, модерни, дизајнерски и креативни пакувања, кои би ги понеле со себе како шишенцата за вода или сок. Едноставно не сме посветувале внимание на тоа, до сега.
Затоа креативните дизајнери на амбалажи, одлучија на тоа да стават крај. Создадоа интересни и привлечни пакувања за млеко, кои изгледаат одлично на маса или во рака на пат, при што не би ви било воопшто незгодно, доколку млекото го пиете надвор.