Во потрага сте по инспирација за уредување на нова или реновирање на постоечката бања во вашиот дом? Дозволете ни да ви понудиме неколку преубави предлози за таа намена. По 27-те дизајнерски идеи кои ги издвоивме во првиот дел, ви претставуваме уште повеќe примери за бањи со различни димензии и за сечиј вкус. Секоја од нив има поинаква стилска тема, умешно балансирајќи помеѓу естетиката и функционалноста. Погледнете ги фотографиите од галеријата во продолжение и одберете ја бањата која најмногу соодветствува на вашиот начин на живот и просторот каде го минувате времето.