Кога ќе пристигнат студените денови, кардиганите се идеално парче облека за совршени слоевити комбинации. Меко и топло модно парче, кое одговара со буквално се’. Оваа есен, понудата на познатите модни брендови е поинтересна од кога и да е. Во најновите колекции на Zara, Mango, H&M и Topshop може да се пронајдат кардигани во класични нежни варијанти, како оние во светло сива, или, пак, розова боја, но и некои сосема нови трендови и тонови кои ќе бидат актуелни токму оваа сезона. Од галеријата во продолжение, погледнете ги 20-те најубави и хит модели од нивните каталози. Инспирирајте се и одберете го вашиот фаворит.