Доколку во исто време сте љубители на добра книга и уникатни во изборот на модни додатоци овие statement чанти сигурно би Ви се допаднале.
Русинката Татијана, попозната како Mrs. Chaplin им дала нов изглед на кориците на класични и современи литературни дела.
Изработени се рачно, извезени од материјали како што се памук, волна и свила. Како резултат на рачната изработка, секоја од овие чанти е единствена и неповторлива.
Книгата претставува подарок којшто можете да го отворите одново и одново, а истото задоволство го овозможуваат овие оригинални чанти.