Овој мал, но многу впечатлив стан од 45 метри квадратни, се наоѓа во урбаниот кварт на Прага. Купен 2009 година, неколку години остана непроменет, но потоа сопственикот одлучил дека е време за промена со прилично мал буџет.
На негова среќа, неговата партнерка е сопственик на дизајнерското студио кое изработува дизајнирани ентериери за мажи. Токму нејзиното студио, стои зад овој фантастичен, шарен и еклектичен редизајн кој инспирира.
Дизајнот вклучува фанки еклектични винтиџ парчиња на мебел, а трошокот е сведен на минимум. Некои парчиња на мебел се поправени и реновирани. Палетата е со смирена сива, морско сина, црна и жолта боја. Фокусот е на темата да се сочува заедничкиот дух во целата куќа, па така винтиџ и модерниот дизајн се спојуваат заедно без проблем, правејќи од овој стан вистински стилски успех.