Оваа есен, главниот тренд е да се биде одважен, а како такви, ќе ги истражувате трендовите, ќе дозволите да ве инспирираат и се зедно храбро да го испланирате. По малку херметичкото лето, ни стигна експлозивната и со силни бои дефинирана есен. Предводат ултимативните трендови за сите еклектични љубители на модата.
Јаки нијанси на бои, плиш и крзно, предолго и прекратко, како и игра со волуменот, го освоија модниот свет. Затоа одважете се и освежете го секојневието со некое тренди парче, кое ќе ве развеселува до пролетта. Тоа можат да бидат кратките чизми, капут во модерна боја, трендовска јакна или торбичка за работа – нешто со што ќе го дефинирате својот стил и ќе ви помогне во секојдневните комбинации.
За тие кои го преферираат дискретниот луксуз, предлагаме да го купуваат во подалеку интересна варијанта и да ја дополнат елеганцијата со тренди детали.
Не заборавивме и на практичните, заедничкото на урбаната мода е модата од 80-тите па наваму. Ви препорачуваме, секогаш бирајте ги функционалните, носиви парчиња и бидете практични.