Питорескното германско гратче Monschau е сместено во падините на планинскиот предел Eifel и тоа само на два километи од белгиската граница, поточно во областа Rheinland. Интересен е фактот дека во ова мало место можете да пристигнете само со сопствено возило, бидејќи тука нема возови и автобуси.
Историски гледано гратчето за прв пат се споменува во книгите во 1198 години а било формирано од страна на тогашната аристократска фамилија Julicha. Тие го изградиле првиот дворец во местото кој и до ден денешен е туристичка атракција.
Дворецот бил неколку пати разрушуван во текот на неговото постоење но и бил обновуван потоа.
Во самиот центар на градчето се наоѓа огромната зграда `Rote Haus`која е достапна на посетителите само првите неколку спрата.
Monschau е сместено во планински предел кој пружа прекрасни пејсажи и е убав да се посети сите годишни времиња. Карактеристични се убавите куќи кои се сместено долж реката Roer.
Бидејќи напоменавме дека во градот не можете да стигнете со автобус или автобус, може да стигнете само со сопствено возило, најбрзо може да стигнете возејќи по авто патот E-40 помеѓу Liege и Aechena. Ви го препорачуваме како ваша следна дестинација!
