Anke и John Summerhill се брачен пар кои работат во дизајнерското студио во Лондон. Неодамна го реновираа својот стан во срцето на средновековната Барцелона. Населбата е позната по темните и тесни улици, со историјска архитектура, но спротивно на тоа, овој пар одлучил својот станбен простор на четвртиот кат да го креираат со современ изглед и со полна дневна светлина.
Светлите дрвени подови и белите sидови создаваат светла позадина, идеална за овој средновековен стан во современ стил. Кујната е модерен простор за јадење, кој е погоден за отварање уште едно шише вино, кое ќе го земете од големиот вински фрижидер за време на вечерата.
Трпезаријата има кружна мермерна маса над која се наоѓа cool, молекуларна структура-црно-златен лустер, кој го привлекува вниманието секому, кој влегува во овој убав стан.