Идејата стана реалност минатата зима, кога Hugo, еден од креаторите на брендот OWL paperlamps, ја изненади Тереза со две груби верзии на модели од хартија – пингвин и був – секој со светилка одвнатре. Тоа беше почетокот на фирмата за моделирање на светилки од хартија.
Од тогаш до денес, цртежите еволуираа, се развија нови идеи, материјалите се тестирани и работниот простор сега е прилагоден на останатите видови на животни.
“Нашиот дизајн е инспириран по концептот на оригами, односно фигури од хартија”, тврди парот кој стои зад OWL paperlamps.