Гомен број на родители имаат вграден инстикт кој ги тера да ги задржат своите деца подалеку од бактериите. Но според неодамнешното истражување, тие “бактериите”, всушност можат да бидат многу корисни за вашите малечки!
Авторите на книгата “Let Them Eat Dirt: Saving Your Child From an Oversanitized World”, Finlay и Arrieta, ја проучиле улогата на бактериите за време на растењето и утврдиле дека тие се корисни за децата кои ќе бидат изложени на различни болести во текот на животот.
Новите истражувања покажаа, дека една од најкритичните возрасти за борба на телото со микробите е привите 100 дена од детскиот живот. Иако тие не препорачуваат децата да се играат на валакни места, Finlay и Arrieta веруваат дека децата изложени на различни облици на микроби имаат поголема веројатност да развијат квалитетен имонолошки сиситем, способен да се одбрани од дијабетес, астма и негативни реакции на вакцини.
Како родителите можат да се осигураат дека нивните деца се изложени на здрави бактерии под сигурни услови?
Finlay и Arrieta предлагаат да набавите куче, оставете ги вашите деца да се играат надвор и избегнувајте работи како што се непотребните антибиотици. Тие исо така советуваат, рацете да не им ги дезинфицирате со агресивни средства сем кога немате вода или сапун. Заоа следниот пат, кога ќе ги видите вашите деца како играат во кал, размислете два пати пред да им кажете да престанат.