Изграден во 1970 година, овој апартман е претворен во еден сосема нов современ животен простор со помош на дизајнерското студио во Тел Авив во Израел, кое користи лесни и мали модерни детали за да го нагласи просторот.
Надворешните соби се претворени во трпезарија и кујна со поглед кон паркот. Кујната е драматично обоена во црна боја со бронзени детали и нагласена со амерканска дрвенарија од орев. Поголемиот дел од собните врати се изработени од стакло, како би овозможиле непречено влегување на светлината.
Потполно користење на природното светло е голем приоритет на овој дом. Пет различни варијанти на сива се дел од централната палета со различен интензитет на сјај, заради кое светлото си поигрува на стратешки начини. Прозорот на еден крај од дневниот простор го исполнува целиот престој со светло со помош на добро поставените огледала. Дрвениот под нареден во рибја кост и светло сивиот бетонски под, визуелно го зголемуваат просторот.