Еден од најпознатите француски готвачи, Alain Ducasse, за својот 60ти роденден си го оствари својот сон да отвори луксузен ресторан во прекрасниот дворец Версај, едно од обележјата на Париз. Вработените во дворецот го одбраа токму него да го води новиот ресторанот „Ора“ за кој се претпоставува дека ќе се отвори во 2018та. Ресторанот е замислен како релаксиран бар преку ден, а центар на кулинарските достигнувања навечер. Јадењата се базирани на традиционалната француска кујна, а во менито се нудат и омилените десерти на Марија Антоанета. Ентериерот е едноставен, но елегантен, со модерни елементи.