Mezzanine Apartment е стан на млад брачен пар и двајцата работат во креативната индустрија. Токму од тие причини, сакаа стан кој ќе биде мулитифункционален простор со влијание на јапонскиот стил на живот во комбинација со лондонски изглед.
Кога ќе ја погледнете нашата галерија ќе најдете многу луксузни акценти, како што се уметност и современи значајни парчиња, кои го претставуваат најубавото чувство на урбаниот живот.
Сите приватни зони се невидливи во дизајнот. Дрвениот sид е всушност влез во купатилото и гардеробата. Белите скали нудат простор за остава а трпезаријата ја вклучува и самосталната кујна. Постојат многу скриени простори кои морате сами да ги откриете и не заборавајте – ова се само 33квадрати.