Добриот вкус не подразбира само купување квалитетни парчиња облека и детали, туку и да знаете како да ги комбинирате, особено кога се боите во прашање. Со доаѓањето на есента, температурите постепено се снижуваат, па слоевитото облекување одново е императив. Притоа, најголемиот моден предизвик е како да се облечете пријатно и комфорно, а да изгледате убаво и разиграно, полни со енергија и живост. По 20-те комбинации на бои за есен кои веќе ги претставивме, овојпат ви нудиме уште 15 модни предлози за есенската сезона, со атрактивен и актуелен спој на тонови, особено кога се модните додатоци и аксесоари во прашање. Инспирирајте се од примерите во нашата галерија и пронајдете ја совршената палета за модерен изглед со стил.