Скандинавската естетика може да биде применета во секакви простори, со различна големина или намена. По скандинавските дневни соби, спални соби, работни катчиња и трпезарии, овојпат ви прикажуваме низа примери за уредување на уште едно катче во животниот простор – кујната. Кујните во нордиските земји се познати по ставањето акцент на природната светлина, чистите линии и студената палета на тонови. Нивниот дизајн е баланс помеѓу традиционалното и модерното, а во повеќето од нив доминантни се белата боја и минимализмот. Во продолжение, погледнете ги нашите 28 убави и инспиративни предлози со скандинавска тема и пронајдете ја омилената идеја за уредување на кујната и во вашиот дом.