Улиците на Мадрид и во останатиот дел на Шпанија, станаа едни од најубавите во светот благодарејќи на уметниците, а посебно на Christ Guelov од Бугарија, кој одличил да ги наслика и трансформира пешачките премини, како и шпанската уметница Raquel Rodrigo која ги украсува улиците со своите разиграни crosswalk дизајни, односно плетени графити. Raquel Rodrigo е уметница и сценографка која своите шарени плетива ги става на метални решетки со помош на јажиња во боја со посебно врзување во облик на крст, создава прекрасни цветни инсталации по шпанските улици.
Ваков тип на уметност обично се наоѓа во внатрешноста на куќите, но како јавна инсталација создава привлечен контраст на урбаниот пејсазж.