Topshop ја лансираше својата прва “see now, buy now” колекција. Британскиот бренд го најави враќањето на модата од 80- тите со силно нагласени рамена, пантолони со висок струк и долги капути.
За дневно излагање се носат блејзери, здолништа со високо иизрези и “неуредни” капути. Принтовите се добредојдени, а најчесто се појавуваат цветни или животински. Сексепилот се враќа во варијанта на црните PVC bodycon фустани и панталони.
За вечерните излагања и ноќните клубови се е во all-black комбинацијата. Стегната силуета во комбинација со малку пошироко здолниште, ќе ве направи спремни за луд провод достоен за секоја “лоша девојка”!