За прославата по повод 40 години постоење на Клубот на Форд Мустанг, група од повеќемина ентузијасти и љубители на овој автомобил направија копија на легендарниот Форд Мустанг од 1964-та, и тоа од лего коцки. Настанот се случи во Индијанаполис во САД, а за да се оствари проектот потребни беа повеќе од 1200 часови и 194.900 коцки LEGO и DUPLO. Резултатот е импресивен.