Во малото градче Бунол кај Валенсија во Шпанија, годишно произведуваат 160 000 кг домати – за забава. Всушност, се работи за La Tomatinа, фестивал на борба со домати, кој се одржува секоја последна среда oд месец август во градчето Бунол. На десетици илјади луѓе од целиот свет доаѓаат да се борат во оваа најголема светска борба со храна. Секако, како и за се и овој фестивал има своја историја.
Борбата со домати е традиција во Бунол од 1944 или 1945 година, никој не е потполно сигурен како всушност овој настан се случил. Некои можни теории се дека овие борби со храна се случиле помеѓу пријателите, војна помеѓу граѓанската класа на малолетници, напад на гледачите со домати на карневалска парада, за лоши музичари или анархични последици од превртување на камиони.
Една популарна теорија е дека незадоволните граѓани го нападанале градското собрание за време на некоја прослава. Било која да била причината, на граѓаните ова им правело големо задоволство, што го повториле следната година, и годината потоа… Фестивалот бил забранет за време на владеењето на Франко, но по неговата смрт, фестивалот се вратил во 1970 година.
Погледнете фотографии од годинешниот фестивал….:)*