Доколку сте се одлучиле да направите нешто добро за своето здравје – ви го предлагаме пливањето као најдобар избор.
Една од најголемите предности на пливањето е позитивното влијание на вашето срце и стаблизација на крвниот притисок. Пливајќи, ги ангажирате сите мускули и силно ја активирате работата на срцето и плуќата, што е подобро од било кое вежбање на фитнес справите, кои нејчесто користат еден дел на мускулите. Со пливањето се продлабочува дишењето а со тоа се зголемува капацитетот на плуќата. Токму заради јакнење на плуќата, пливањето се препорачува и за личностите кои боледуваат од астма.
Пливањето позитивно влијае на:
– срцето и крвниот притисок
– плуќата
– сите мускули и врзивното ткиво
– артритис и асма
– зголемена тежина