Денес ви ги претставуваме најдобрите дизајнерски модели на торби и чанти кои веќе си го осигураа статусот на икони.
Последниве неколку години ХИТ чанти станаа елегантните и помалку впечатливи, без посебни логотипови и силни бои. Но тука и таму, се појавија и модели кои привлекоа внимание а не межете да ги забележите. Оваа година, се чини дека токму таквите модели се во прв план! Gucci, Balenciaga , Saint Laurent – ги исфрлија своите хит модели и признаваме, не можеме да се одлучиме која ни е фаворит……..
GUCCI THE MARMONT BAG
Оваа боја ќе биде хит за сезоната есен/зима 2016., совршена чанта со ланец во идеална нијанса
J.W. ANDERSON THE PIERCE
Апсолутен хит на модните блогерки и трендсетерки – оваа чанта ќе ја гледате на сите социјални медиуми, цела зима!
BALENCIAGA THE BAZAR
Обаа кожна торба за пазарење е лансирана во август, а веќе е распродадена.
LOUIS VUITTON TWIST PM
Ова е една од најшарените и најоткачени хит чанти на сезоната. Марама наместо рачка и налепниците на чантата, гарантираат дека ќе бидете забележени каде и да ја носите.
MULBERRY THE CLIFTON
Оваа елегантна чанта на ланец, дефинитивно е најпрактичната, благодарејќи на неколкуте џепови и прегради.
SAINT LAURENT LOVE SHOULDER BAG
Во својата последна колкеција за брендот, Hedi Slimane ја презентираше оваа мини чанта во облик на срце, која секако ќе јо одбележи YSL историјата.