Дизајнерското студиото Diff. се погрижи за невообичаената но интересна декорација на дом во Италија, создавајќи слој на современ стил над класичната рококо позадина. Крајниот производ е извонреден спој на парчиња кои го подржуваат минатото време.
Старата архитерктура на дневниот престој кој е опремен со прекрасни прозори, собата ја прават светла , созадавајќи прекрасно чувство. Висечките светла, креираат мека и романтична расвета, изработена од во слободни цветни форми од муслин. Така создаваат контраст со метално златните светла од двете страни на каминот.
Емералд софите во средината на дневниот престој, црните графити на огледалото, мермерниот камин, се извонреден спој помеѓу старото и новото.
Sидовите во темно црвената боја во трпезаријата играат на елегантната карта со светло сините нијанси на вазните и sидните мурали. Над масата во трпезаријата, двата златни лустери ја поврзуваат собата со истанатиот дел од декорираната куќа.