Пари, корупција и американски сон.
Режисерот Тод Филипс (трилогија „Мамурлак“) ни ја претставува хумористичната драма „Кучиња на војната“ која е базирана според вистинита приказна. Во главни улоги се Џона Хил и Мајлс Телер.
Двајца пријатели во нивните рани дваесетти години (Хил и Телер), живеат во Мајами за време на војната во Ирак, ја користат малку познатата владина иницијатива која им овозможува на малите бизниси да се обложуваат за американски воени договори.
Почнувајќи со мали пари, тие почнуваат да заработуваат големи пари и да живеат скап живот. Но, штом ќе стигнат до 300 милиони долари договор ќе западнат во бизнис со многу сомнителни луѓе, кои ќе испадне дека припаѓаат на американската влада. Приказната се базира на вистинити настани. Ова можеби била една од најголемите измами што се случиле некогаш…и може да се случи само во Америка.
„Кучиња на војната“ се развиле од приказната за две момчиња кои само што влегле во дваесеттите години кога станале милионери и меѓународни трговци на оружје. И изгубиле сѐ во еден момент – кога се чувствувале дека се на врвот. Една од темите која се повторува кај Тод Филипс се особите кои донесуваат лоши одлуки – и нивните последици. Во овој филм нема четворица пријатели кои планираат луд викенд во Лас Вегас, туку двајца момци кои успеваат да ја искористат малку познатата владина иницијатива и да заработат 300 милиони долари.
Филипс објаснил: „Мислам дека филмовите се сфаќаат сериозно кога се базираат на вистинити настани, а тука имаме приказна за подемот и падот на двајца млади дваесетгодишни момци кои се во потрага по својот „американски сон“ и ќе станат жртва на својата алчност. Се разбира, алчноста ги спречува да донесат правилни одлуки.“
Премиерното прикажување на „Кучиња на војната“ пред македонската публика бешe на 01.09.2016, по што филмот е поставен на редовната кино програма во Cineplexx.
Divianarts.com е медиумски покровител на кино Cineplexx МК.