Дизајниран во 2005 година од A+Z дизајн студиото, овој современ стан во Будимпешта опремен е со ретки додатоци за да го потенцира остриот закривен дизјан на просторот кој привлекува погледи. Така е содаден просторот кој истовремено изгледа модерно, но е уреден за сите времиња.
Станот е уреден со комбинација на рустични и современи материјали кои ја прикажуваат безвременоста во просторот.
Постојат оригинални елементи во целиот стан како што се радијаторите и цевките.
Единствено возбудување во овој мирен дизајн се наоѓа во купатилото, каде светло тиркизната и café au lait боја на плочки, ја разбиваат еднобојната палета.
Во кујната темно сивите ормани, плочки во бела боја и дрвениот под, суптилно ја нагласуваат крем бојата на sидовите.
Во спалната соба преовладува меката бела боја, која ја нагласува закривеноста на собата и драматичноста на осветлувањето. Подот од тврдо дрво нареден во рибја кост е покриен со теписи. Вратата води до малиот закривен балкон, со поглед на прекрасната градска архитектура.