Willow и Jaden Smith го продолжуваат својот успешен пат во светот на високата мода, овој пат со феноменалната приказна за септемвриското издание на часописот Interview Magazine. Фотографиите ги потпиша Steven Klein, а познатите брат и сестра позираат со скоро еднакви фризури и сличен аутфит, кој изгледа неколку броја поголем – капути и половери, со потписот на Rick Owens, Sacai, Burberry и уште многу други.
Интервјуто со нив го направи Pharrell Williams. Говорејќи за влијанието на нивните родители Will i Jade, популарните клинци открија: “Растејќи, видовме како нашите родители се обидуваат да бидат најдобри луѓе и без разлика на тоа што сите доаѓаа кај нив по мудри совети, никогаш пред никого не се поставија од високо. Секогаш чувствуваа љубов и благодарност кон сите.”