Оваа невообичаена куќа е дизајнирана и импементирана од архитектот и уметникот Alex Schweder и Ward Shelley, во проектот “performans arhitekturа“. Оваа резиденција неодамна е изложена на Omi International Arts Center во Ghent, New York, каде привлече внимание на голем број светски медиуми.
Под името “ReАctor”, 13,5 метри долга и 2,5 метри широка, куќата може да ротира за 360 степени на врвот на 14,5 метри високиот бетонски столб, кој одговара на движењето на жителите во куќата, надворешната сила и внатрешните услови, правејќи го видлив интимниот однос помеѓу архитектурата и жителите во куќата. Schweder и Shelley живееја во куќата 5 дена а на посетителите им дозволија да ги гледаат – токму тука, иновативната архитектура ја одигра големата улога.