ОВЕН
Работа – Чувствувате голем финансиски притисок, а на работа од вас очекуваат поинакви деловни активности, кои можат да ви донесат многу повеќе пари од порано.
Љубов – Не работите работи во поголем обем, од колку што сте навикнати. Забавете го темпото кое ви е наметнато. Така ќе се движите поспоро, но подалеку.
Здравје – Добро се чувствувате.
БИК
Работа – Во првата декада на месецот септември, најверојатно, ќе ги пропуштите поволните деловни прилики. Но иако почетокот е бурен, заради Сончевата еклипса во компатибилниот земјен знак на Девица и квадратот на Сонцето со планетите Сатурн и Марс, нема вашиот бизнис да биде загрозен.
Љубов – По периодот на хармонија и годишните одмори, во партнерските односи, работите се менуваат заради замрачувањето на Сонцето на 1 септември и седмицата пред и по тоа, ќе се поремети балансот и на површина ќе испливаат незадоволствата.
Здравје – Можна несоница.
БЛИЗНАЦИ
Работа – Не се грижите заради затегнатите деловни односи околу 1 септември (соларна еклипса). Брзо се ќе помине и работите ќе почнат да се средуваат.
Љубов – Новиот месец е прилика за нов почеток и нови возбудливи изненадувања. А сето тоа ќе почне уште оваа недела. Вашата љубов е во полна сила веќе подолг период и потрудете се така и понатаму да остане.
Здравје – Одлично се чувствувате.
РАК
Работа – Не сте во можност да бирате со кого ќе соработувате но исто така и аранжманите кои ви ги доставуваат. Не грижете се, ви следи одличен период.
Љубов – Необичен пресврт, а уште подинамичен заплет – ве чека оваа недела. Ни самите не сте свесни што се ви се случува на љубовен план.
Здравје – Болки во грбот.
ЛАВ
Работа – Деловните планови ви одат од рака оваа недела, што се гледа и од состојбата на вашата банковна сметка. Време е да ги искористите поволните ветрови.
Љубов – Партнерот е и понатаму тука за вас, што и да се случи, тој ви е најголема подршка. Вие сте среќни заради тоа.
Здравје – Добро се чувствувате.
ДЕВИЦА
Работа – Пред вас е голем деловен почеток предизвикан од соларната година, каде ќе морате да е соочите со многу препреки, за успешно да го пребродите овој кризен период и да истраете во вашиот бизнис.
Љубов – Самиот почеток на септември носи промени во емотивните односи кај Девиците. Бурна недела и почеток на нов месец за вас.
Здравје – Можна главоболка.
ВАГА
Работа – Замрачувањето на сонцето во почетокот на септември во вашето деловно опкружување ќе предизвика турболентни промени во сферата на вашиот бизнис.
Љубов – И самиот почеток на месецот септември, може да биде кризен за Вагите во брак и за тие кои се во долги стабилни врски.
Здравје – Добро се чувствувате.
ШКОРПИЈА
Работа – Под влијание на соларната еклипса на 1 септември, која се случува во вашата 11 куќа, на тест ќе бидат деловните пријателства.
Љубов – Оваа недела Шкорпиите кои се во брак или во подолга врска, можат да очекуваат хармонични односи со партнерот.
Здравје – Во добро здравје сте оваа недела.
СТРЕЛЕЦ
Работа – Не очајувајте доколку приходите нагло одат по надолна линија. Нема да продолжат во тој правец, затоа што вие тоа никако нема да го дозволите.
Љубов – Една личност во знакот на Девица, не престанува во вас да буди нешто посебно и единствено, а вие не сте спремни се уште да реагирате.
Здравје – Добро.
ЈАРЕЦ
Работа – Деловниот план тече солидно и свесни сте за своите квалитети, кои можат многу да ви помогнат да стигнете до поголема позиција.
Љубов – Подршката од фамилијата и блиските секако многу ви значи, гледајдте да вратите со иста мерка, кога вашиот тежок период ќе мине.
Здравје – Повеќе вежбајте.
ВОДОЛИЈА
Работа – Кретивни, но и помалку мрзливи сте оваа недела. Морате да имате добра мотивација за да ги искористите сите свои потенцијали. Не ги пропуштајте дадените прилики.
Љубов – Емоциите повторно доминираат и вие не знате што ве има снајдено. Сега е време да го освоите тоа што го сакате.
Здравје – Одлично.
РИБИ
Работа – Замрачување на Сонцето на 1 септември ќе го погоди полето на вашите деловно – партнерски односи, што трајно ќе влијае на взаемните односи.
Љубов – Драматичен почеток на месецот, предизвикан од замрачувањето на Сонцето ќе влијае силно на полето на вашиот брак и партнерските односи, но без грижа, се брзо ќе помине.
Здравје – Добро се чувствувате.