Michael Kors во својата нова кампања есен/зима 2016., ни покажа раскош и сјај на луксусзниот живот. Главните улоги ги имаат моделите Emmy Rappe и Romy Schonberger како и Sven de Vries како пилот, во кампањата која ја снимаше познатиот фотограф Mario Testino.
Тие на совршен начин ги прикажаа најлуксузните нови парчиња на брендот, лелеавите фустани, јакните од крзно и кожа, палта и фармерки. Кампањата е многу раскошна, затоа што во неа се наоѓаат разновидни парчиња, но и прекрасните Michael Kors модни додатоци, како што се чантите, очилата со златни рамки, скапоцените часовници и златниот накит, кој додатно го нагласува гламурот на целата кампања.