Сместен во лондонскиот кварт Islington во Англија, овој прекрасен стан го реновираше дизајнерскиот тим од Avocado Sweets Design студио. Новиот стан е полн со виталност, преполн со бои, затоа и не не чуди, што предизвикува среќа и насмевка со самото фрлање поглед на фотографиите.
Гледајќи во галеријата ќе најдете низ на паметно проектирани елементи што дизајнерското студио ги применило – ќе го видите Lego play sидот, на кој можете да ги закачите клучевите, да поставите полица или нешто друго – потоа функционалната vintage клупа од теретаната, со можност на додатен простор под неа, музичката соба под скалите, плетените абажури и голем број на шарени полици во собата за дневен престој.
Постои навистина голем број на оригинални детали во оваа куќа, па со сигурност можеме да кажеме дека дизајнерите успеале во редизајнот. Не знаеме за вас, но ние во Divian Arts, се смешкаме додека ги гледаме овие фотографии.