IKEA го претстави новиот каталог за 2017 година со тема “Goodbye, expectations. Hello, you!”. Во новиот каталог се провлекува слободен начин на живеење, кој се одалечува од традиционалните очекувања за домаќинството. На повеќе од 300 страни ќе ги најдете новите понуди на производи за уредување на домот како и инспирација и паметни решенија за секој дел во домот.
“Сакаме да го започнеме разговорот за притисоците кои свесно или не, сме ги создале кога е во прашање животот во домот”, изјави Shideh Hashemi, маркетинг менаџерката на американската Ikeа. “Сакаме на луѓето да им понудиме потполно да се опуштат, да го прифатат едноставниот начин на живот и да уживаат во своето слободно време во домот..”