Зa топлите летни денови оваа освежителна ладна супа од диња, со или без печена пршута е чиста сензација!
За 4 лица
Време на спремање – 10 минути
- 1 диња
- 4 лажици печена пршута
- маслиново масло
- сол
- бибер
- босилек – за украс
Исчистете ја дињата, исецкајте ја на парчиња и измиксирајте ја во блендерот додавајќи и малку маслиново масло, посолете и маку додадете бибер. Во тава испржете ги тенките парчиња пршута. Студената супа сервирајте ја во чаши и во секоја чаша ставете од крцкавата пршута па украсете со свеж босилек.