Во земјата на гејзерите и најголемиот број на термални води во светот и една од десетте најбогати држави во светот, секој десети жител во текот на својот живот има напишно по најмалку една книга.
Станува збор за Исланд. Во оваа далечна земја продавниците работат до шест часот попладне, додека книжарниците работат до десет часот а некои дури и до полноќ.
Обичај на жителите на главниот град Рејкјавик е да седат до доцните вечерни часови и да читаат книги. Треба да споменеме дека стапката на писменост тука изнесува 99,99%. Исланд е литературен рај за писателите и за љубителите на пишаниот збор. Ниедна друга нација не се идентификува преку литературата како Исланѓаните. Жителите на оваа земја се посебно горди на своите Саги (вид литературен жанр). Сагите оставиле посебен траг во светската литература како на пример на епитафот на познатиот аргентински писателJorgeu Louis Borgeus стои цитат од исландска сага.
Најпознати исландски писатели се; Sjon, Arnaldur Indroason, Yrsa Sigurdadottier и мн. други.