Од лесни ткаенини со голема доза на женственост па се до удобни плетени модни детали и суптилни принтови. Ова е накратко дефиницијата за најновата колекција на германскиот моден бренд “Comma” за престојната сезона есен-зима 2016/17.
Вистински хит во оваа колекција е комбинацијата на капут и кардиган, односно т.н. “Coatdigan”. Панталоните “Culotte” како и фустаните се миди должина, а главен хит за претстоечката сезона ќе бидат широките ногавици. Бојата која доминира е бојата на пудер која и дава посебна деликатност на целата модна колекција. Рачно изработените модни детали и принтови се се позначаен елемент во изгледот на модерната жена, па така и дизајнерите на овој германски бренд се погрија да им го овозможат истото на дамите кои сакаат да изгледаат модерни и впечатливо. Во продолжение погледнете ја ова извонредна колекција!