Дека стилот не зависи од големината на домот, туку од смисолот за декорирање и дизајнот на ентериерот, го покажува овој мал дом. Во непосредна близина на Vancouver, се наоѓа овој дом на еден мал брод, во чија внатрешност има тематска декорација, како црвеното и синото платно кои му даваат морски впечаток на просторот. Изгледот на ентериерот е украсен со ситни детали како што се црвениот чајник и прекривачот за кревет во морнарски стил.
Максимално се искористени 28 квадратни метри во просторот…. Кујната има се што е потребно, печка, садопер, фрижидер, тостер, простор за храна со мегнетна лента за ножевите. Во дневната соба добро се комбинирани столиците со малата маса, а купатилото и собата се потполно опремени.
Сем тоа, кој може да му одолеете на залезот, седејќи на црвеното столче!