По се изгледа, живееме во времето на процват на жената – водат компании, се кандидираат за претседатели, прават се за своите деца и.т.н. Токму овој тип на жена, стана инспирација на една компанија за накит. Создадоа прстени кои симболизираат предаденост и љубов кон самите себе. Ви го претставуваме Self-love прстен за малиот прст!
Да, тоа е прстенот со светкав камен кој личи како венчален. Но работата е каде го носите, на кој прст. Исто како венчалниот, создаден е да ве потсетува секој ден на љубов – онаа безусловна, која ја имате кон самите себе.