Првиот Chanel Spa во светот конечно ги отвори вратите за посетителите. Долгоочекуваното катче за убавина се наоѓа во култниот „Риц” во Париз, кој исто така беше неодамна реновиран. Пространиот центар за убавина е симбол на раскош и елеганција, а како инспирација при уредувањето на ентериерот послужил станот на Коко Шанел сместен на легендарната Rue Cambon.
Целиот простор е направен во препознатливиот стил на модната куќа. Интересно е да се спомене дека бројот 5, омилениот број на Коко Шанел, игра голема улога во Chanel Spa. Во 5 простории работат 5 експерти за убавина, кои се водат според 5 начела од светот на убавината, а масажите во спа центарот се одвиваат со 5 масла, крстени според парфемите на модната куќа. Погледнете како сево ова изгледа во продолжение.