Модниот бренд H&M е спремен за есен!
Во новиот каталог моделот Andreea Diaconu, носи топ 10 парчиња кои во H&M ги гледаат како клучни парчиња од есенската мода. Од совршената бомбер јакна па се до тесните фустани и идеалното боди, овие парчиња мора да се најдат во секој женски гардеробер за сезоната пред нас. Се што ви треба за да го комплетирате совршениот есенски изглед се балетанки на врзување, патики или пак лакирани сандали!