Од сите модни соработки во целиот моден свет, мораме да признаеме дека дизајнерските колекции на H&M се секогаш најочекуваните. Оваа сезона на ред дојде Kenzo и најпосле добивме мала информација за колкецијата со неколку изгледи.
Наместо модели, во кампањата се појавуваат инфлуенсери како шминкерката Isamaya Ffrench, музичарот Oko Ebombo, активистката Amy Sall и музичарката DJ Juliane Huxtable. Иако колекцијата излегува во почетокот на ноември, поточно на 3 ноември, веќе сега ни е јасно дека Kenzo подготвува колекција богата со принтови и линии/ пруги/. Брендот досега ги лансираше само овие три фотографии – јасно е, дека оваа соработка ќе биде ХИТ!