Вљубеникот во природата, а по професија дизајнер Paul Foeckler истражувајќи ја скриената убавина на растењето на дрвата дизајнира скулптури кои што можат да бидат и ламби. Најчесто го употребува дрвото како материјал за своите скулптури, воедно и алуминиумот и челикот.
Во минималистички стил, модерни и уникатни овие скулптури можат да се најдат во California Home & Design, а за нив пишувало и списанието Arts Illustrated.
Доколку ве интересира повеќе за работата на авторот посетете ја неговата веб страна Split Grain.