Ако секогаш губите време во потрага за работи кои не можете да се сетите каде сте ги ставиле или ако имате плакар во својот ходник претрпен со стари рецепти, потсетници, накит и ситни пари, можеби е време сето тоа го средите и да направите detox на просторот. За среќа, и тоа се учи – како правилно да се организира просторот, полесно отколку што мислите.
Време е за средување и чист дом!
1. Пред самата организација и средување, фрлете се што не ви треба и што не сте го користеле цела годна.
2. Заборавте на плакарите со хартиите – дигитализирајте ја целата папирологија – или барем таа која можете.
3. Одредете ден во неделата кога го средувате фрижидерот и продуктите , поточно, нивниот рок на траење.
4. Не чувајте работи за – “за секој случај”.
5. Сортирајте ги предметите според локацијата а не според категоријата – тргнете со облеката, потоа книгите, а завршете со емоционалните предмети како фотографии и сувенири.
6. Редете ги работите хоризонтално, а не вертикално.
7. Не правете од сите плакари магацини и трпајќи се во нив, создавајќи привиден ред.
8. Кога ќе купите нов фустан и го сместите во плакар, една стара работа исфрелете од него, така секогаш ќе имате простор за предметите. Купувате едно, другото фрлете го.