Brunello Cucinelli – колекциите на овој светски познат дизајнер, по суптилитетот се движат како конверзација помеѓу машкоста и женственоста. Практични, елегантни, крајно софистицирани, изработени од најфини и луксузни материјали.
Новата есен/зима 2016 колекција, има ретро допир со урбана интерпретација, Dandy стил во дигитална ера. Извонредно кроените парчиња со скапи материјали – за меки и модерни силуети.
п.с. (Пораснат во руралниот дел од Италија, во дом без вода и електрична енергија. Тој на негови 24 години го напуштил факултет за градежништво и заминал по свој пат. Четириесет години подоцна, тој е милијардер и еден од најпознатите светски модни дизајнери.)