Coco Chanel била жена со извонреден стил во сите подрачја на животот, па така ни нејзиниот стан не бил далеку од тоа. Се уште беспрекорно сочуван и спротиставен на забот на времето, просторот е историјска реликвија и модерен водич, покажувајќи го креативниот процес низ кој секојдневно Coco Chanel минувала.
Култната резиденција со адреса 31 Rue Cambon, Pariz, е многу повеќе отколку извонредно осмислен распоред на просториите сместени над самата Chanel продавница – таа е психичко и физичко патување низ психата на Coco Chanel.
Сем култните скали на кои Coco ги одржувала ревиите, луксузниот стан со потпис на најславната дизајнерка на свет, по мерка дизајниран кауч од кожа од антилопа или пак со многу злато накитени детали, јасно упатуваат дека станува збор за домот на визионерката Coco Chanel.
Оваа модна икона го сакала раскошот и дизајнерските елементи кои тој луксуз го подржуваат.