ОВЕН
Работа – Можни се мали компликации на работа. Ви советуваме да побарате помош од личност родена во знакoт Бик или Рак.
Љубов – Заради минатото искуство, бегате од сериозни врски. Релаксиран љубовен однос можеби ќе имате со Водолија или Вага.
Здравје – Внимавајте на градниот кош.
БИК
Работа – Оваа недела ќе ви бидат вратени парите што ги дадовте на заем. Конечно ќе можете да се релаксирате.
Љубов – Сите бикови кои се во брак можат да бидат релаксирани, ги чека романтична недела. За слободните бикови, нема многу шанси за промена на статусот.
Здравје -Чувствителен рбетен столб.
БЛИЗНАЦИ
Работа – Ве мачат парични проблеми. Имате чувство дека никогаш нема да можете да врзете”крај со крај”. Опуштете се, ќе дојде подобар период.
Љубов – Личност во знак на Девица, ќе влијае на вашето размислување за љубовта и животот.
Здравје – Чуствителен уринарен тракт.
РАК
Работа – Можни се мали проблеми со колегите . Не наседнувајте на секакви приказни.
Љубов – Личност родена во знакот на Лав, ќе ви пружи незаборавен провод. Меѓутоа, не наседнувајте на слатки приказни, тој/таа не планираат ништо сериозно со вас.
Здравје – Нервоза и стрес.
ЛАВ
Работа – Имате огромна желба да ја смените работата. Меѓутоа секој понеделник заборавате на тоа, зошто?
Љубов – Ви се допаѓа личност родена во знакот на Рак. Ве нервира тоа што вашето удварање не дава ефекти. Можеби е време да престанете?!
Здравје – Одлично се чувствувате!
ДЕВИЦА
Работа – Во втората половина од неделата, можете да очекувате многу подобра соработка со колегите на работа. Искористете го тоа на прав начин.
Љубов – Деловната соработка со Бик, ќе се претвори во нешто повеќе. Не дозволувајте љубовта да влијае на работата и обратно.
Здравје – Воведете некоја спортска активност во вашиот живот. Пливањето е одличен избор.
ВАГА
Работа – Уживате во популарноста, но внимавајте да не претерате.
Љубов – Малку ви фали да бидете потполно среќни. Не се замарајте со глупости.
Здравје – Воведете некои здрави навики во својот живот.
ШКОРПИЈА
Работа – Ве очекува многу тешка недела. Заморот и стресот ќе ве совладаат. Никако не потпишувајте документи во таква состојба.
Љубов – Имате добар однос со партнерот и тоа ве прави среќни. Заљубени сте. Уживајте во тоа.
Здравје – Одмарајте повеќе.
СТРЕЛЕЦ
Работа – Еден член од тимот, постојано внесува нервоза во вашиот деловен колектив. Обидете се да поразговарате со неа/него.
Љубов – Уживате со саканата личност. Повторно имате енергија за се.
Здравје – Барате внатрешен мир? Обидете се со медитација.
ЈАРЕЦ
Работа – Ве очекува потпишување на значаен договор за соработка, со личност родена во знакот на Бик. Конечно, можете малку да одморете.
Љубов – Доколку сакате страствена врска, обидете се со личност во знакот на Овен.
Здравје – Болки во грбот, време е да тргнете на корективна гимнастика.
ВОДОЛИЈА
Работа – Имате нова идеја, меѓутоа на вашите соработници не им делува многу битна. Не се нервирајате заради тоа, туку обидете се да ја усовршите.
Љубов – Ви се допаѓа личност која е се, само не обична.
Здравје – Одлично.
РИБИ
Работа – Напорно работите, а тоа го забележуваат претпоставените и колегите. Во петок можете да очекувате паричен бонус.
Љубов – Доколку сакате да го смените емотивниот статус, личност родена во знакот на Девица е идеална за тоа.
Здравје – Чувствителни очи.