Летото е време кога косата најчесто ја носиме собрана, главно од практични причини. Поради тоа, за денешниот избор на летна фризура одбравме една интересна плетенка која одговара за сите пригоди. Иако изгледа комплицирано, со малку повеќе труд сигурни сме дека ќе можете сами да си ја направите. Следуваат инструкциите:
На пуштена коса ставете лента. Околу лентата почнете да плетете француска плетенка на едната страна. Краевите на плетенката намотајте ги на лентата, така што двете страни ќе се спојат. Зацврстете со шноли.