Колекцијата на Atelier Versace за есен 2016 ја карактеризираат женствените набори и волуменозните облици. Визијата на Donatellа Versace за новата сезона е јасна – кимоно јакни, струкиран дизајн, парчиња од сатен – кои апсолутно владееја на пистата како и низ целата колекција.
Versace жената за следната сезона е вистинска “ultra-glamazonka”. Високи изрези, длабоки деколтеа и фустани кои ја нагласуваат фигурата. Палетата не бои е од кремасти, пастелно сини, зелени и лила нијанси, кои се комбинирани со класична црна и останатите темни бои.
Atelier Versace во многу модели додаде монистра, преклопи и реси – што моделите ги прави богати, луксузни и прекрасно женствени.