Најновата женска колекција на познатиот бренд Jimmy Choo за престојанта сезона есен-зима 2016/17 ја слави женственоста во сите нејзини облици. Воедно брендот го слави и својот 20ти роденден.
За оваа прилика се избрани дами од сите возрасти кои имаат зад себе различни животни искуства. Меѓу нив се присутни и познати модели кои учествувале во кампањите на Jimmy Choo последната деценија.
Во кампањата учествуваат имиња како што се; Mila Jovovich, Teylor Hill, Xiao ven Ju, Lexi Boiling. Сите овие познати имиња позираа пред објективот на познатиот фотограф Крег Мекдина.
Елегантната колекција се состои од кожени детали, нежна тантела, и кадифе. Погледнете, навистина прекрасно!