Не постои жена на светов и веков што барем еднаш не помислила дека ништо не не` прогонува толку колку парчињата облека коишто не сме ги купиле… или која бездруго не се утешила себе со ставот дека животот е краток и дека тој фустан мора да биде купен! Клише или не, шопингот важи за најдобра анти-стрес терапија која ако се конзумира во умерени дози навистина го стимулира ендорфинот и создава чувство на исполнетост и спокој.
Дивиан Артс Ви препорачува нова локација за лачење на хормонот за среќа, сместена во ГТЦ позади Plaza Del Toros: станува збор за De Facto Boutique – неодамна отворен женски бутик каде што може да ги најдете последните модели на фустани, пантолони и кошули – како и голем избор на чанти. Од секојдневен до деловен изглед De Facto излегува во пресрет на Вашиот префинет стил. Од прекрасните фотографии на талентираниот Стефан Соколоски и преубавата Ангелина Китановска кои како тандем фотограф-модел создадоа една убава приказна надополнети со софистицираното лого зад кое се потпишува Драган Петревски, може да го погледнете лицето на De Facto Boutique.